Жељко Ражњатовиќ Аркан убиен е на 48 годишна возраст, пред точно 20 години на 15-ти јануари 2000 година, во 17:05 минути, во тогашниот хотел „Интерконтинентал“ (денешен „Crownw Plaza“).

Семејстцото и пријателите денеска му одадоа помен на на покојниот Аркан.

Цеца пристигна со децат Анастасија и Вељко, а на поменот дошла и ќерката на Арксн, Софија за која дознал кога имала 15 години.

Софија живее во Брисел, а прв пат на помен била во 2018 година. Имено, таа прв пат својот татко го видела на ТВ екраните, кога во 1991 година Аркан му стана познат на целиот свет.

Софија, родена е 1979 година, а Аркан дека има ќерка во Брисел дознал далечната 1994 година.

Аркан, ќерката Софија ја добил со социјална работничка која во белгискиот затвор се грижела за него.

Цеца беше облечена од глава до петици.

Анастасија и Софија стоеа една до друга, а срдечно се поздравиле кога пристигнаа на гробишта.

Инаку, за убиството на Аркан осуден е поранешниот полицаец Добросав Гавриќ, уапсен во 2012 година во Јужноафриканската Република, а на по 30 години осудени се неговите соработници Милан Ѓуричиќ и Драган Николиќ.


Comments are closed for this post.