Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3, Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Радовиш-3, Кочани-6, Пробиштип-2, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-1.

Во болнички услови се починати 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17674, бројката на оздравени пациенти е 14642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2303.

Од вчера се регистрираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје активни 681, Куманово активни 181 Дебар активни 43, Штип активни 51, Прилеп активни 131, Тетово активни 169, Струга активни 52, Велес активни 34, Битола активни 58, Охрид активни 44, Кавадарци активни 49, Гостивар активни 99, Гевгелија активни 51 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица aктивни 151, Крива Паланка активни 27, Радовиш активни 15, Крушево активни 3, Кочани активни 152, Пробиштип активни 20, Демир Хисар aктивни 2, Македонски Брод активни 13, Пехчево активни 4, Берово активни 38, Валандово активни 22, Виница активни 29, Делчево активни 86 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Свети Николе активни 38, Кичево активни 38, Ресен активни 16, Неготино активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 387 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-11, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Систина со PCR метода -104, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-10, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19.