Популарниот пејач, Аца Лукас проговори за преписката со неговите колешки Лепа Брена и Јелена Карлеуша.

Фолкерот се раскара со двете пејачки па ги прозиваше преку социјалните мрежи, а како што и самиот вели имал добра причина за тоа.

-Јас сум човек кој што не дозволува да биде напаѓан. Нема да се бранам, туку ќе напаѓам. Нема да именувам, тоа се прозивки, а се како некое пријателство.

Не сакам тоа да биде главна тема, тоа не е хаос. Ќе видиме чија ќе биде последна, рече во емисијата „Амиџи шоу“ и додаде:

-Видете вака, таа игра случајно излезе во јавноста знам нешто што не требаше да знам. Пошто сам избегнувам долго време и правени ми се некои работи, јас решив тоа да го кажам каму каде што може некој и да ме слушне. Тоа веќе е приватна работа. Се што реков, ништо не излажав. Ја ги обожавам Виктор и Боба, но ете, тоа што имав со жената, имав. Оваа другата госпоѓа цело време се задева со мене, а ми глуми пријателка, па јас испаѓам потрчко. Морав да и објаснам дека повеќе нема да се задеваме, објаснил Аца Лукас во емисијата.