Одбраната на обвинетите во „Монструм“ очекуваат ослободителна пресуда. Адвокатот Насер Рауфи при самиот крај на судењето очекува дека Кривичниот суд ќе утврди дека сите оние кои се на обвинителна клупа не се поврзани со громозорниот чин и убиството на пет лица на Смилковското езеро пред осум години. Процесот веќе завршува а судот на 21 – ви јануари треба да одлучи дали ќе прифати докази на обвинетите.

„Јас мислам дека доказите ќе ни бидат прифатени. Тоа е поради невообичаениот отпор на обвинителството. За секој наш доказ и предлог имаме отпор од обвинителството. Мене не ми е јасно зошто навистина. Изговорот е дека трае долго овој предмет и зошто е притворски предмет треба поврзо да оди“-рече Насер Рауфи, адвокат во Монструм.

Рауфи смета дека и ова повторено судење не е фер. Ниту во овој процес не биле во можност да ги претстават сите нивни докази. Обвинителството не докажало дека обвинетите го извршиле громорозниот маскар.

„Нашите очекувања се дека ќе има и преквалификација на обвинителството, бидејќи во никој случај не може да стои таквото обвинение како досегашното дека се работи за некаков си тероризам. Мислам дека ќе има преквалификација и дека за дел од обвинетите ќе биде повлечено обвинението а можеби и за сите“-изјави Насер Рауфи, адовкат во Монструм.

Веќе на 21 – ви јануари се закажни завршни зборови за случајот, каде Кривичен треба да одлучи дали ќе ги прифати дополнителните докази на обвинетите. За масакрот на Смилковското езеро во 2012 – та година обвинети се Алил Демири, браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута. Кривичниот суд пред шест години го осуди на доживотен затвор но Врховниот суд три години подоцна ја укина пресудата. Предметот почна да се суди одново а случајот го презема СЈО.