Американската актерка Џесика Џејмс почина на 40-годишна возраст. Ѕвесдата од филмовите за возрасни и модел ја пронашла нејзина пријателка во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Таа била во без свест, а Брзата помош откако пристигнала констатирала саммо смрт.

Како што пренесуваат американските медиуми, извори од полицијата тврдат дека причината за смрта не е позната, а истрагата е се уште во тек. Полицијата исто така во нејзиниот дом пронашла бројни антидепресиви кои што актерката ги користела поради психичките проблеми.

Во поорно индустријата влезе во 2002 година, а вистинското име и е Џесика Ридинг. Како уметничко име го избрала нејзиното име и името на нејзиниот тогашен љубовник Џејмс. Тогаш имаше само 26 години, а на пазарот се проби на 28 години кога потпиша договор со една од најголемите порнографски мрежи.

Во својата кариера таа глумеше во повеќе од 200 филмови за возрасни, а имаше и своја интернет страница со експлицитни содржини.