Клиничко испитување на вакцина наменета да заштити од коронавирусот, ќе почне од денеска, објави АП повикувајќи се на неименуван член на американската влада.

Испитувањето го финансира Националниот институт за здравство, а првиот кандидат денеска ќе ја прими вакцината, пренесува АП, а пренесе хрватскиот портал „Индекс“.

Би било потребно од 12 до 18 месеци за да се потврди делувањето на било која вакцина.