Кејла Глајнс од Солт Лејк Сити, САД, штотуку доби четири деца, иако со години се борела со неплодност.

По подолго очекување и надевање, таа ги родила близнаците Паркер и Грејсон, а годинава ги доби и Рис, Џејмисон, Оукли и Линколн

– Не можев да поверувам кога отидов на ултразвук… Мојот лекар ми соопшти дека очекувам четворка.

А, толку години се трудевме природно да забременам и не ми се веруваше дека ќе родам четворка.

Бевме нервозни преку целата бременост, оти беше ризична, но сѐ мина во најдобар ред, вели Кејла.

Во 2016 година, таа и Ален посвоиле две деца, а по една година се обиделе со вонтелесно оплодување.

Во август 2017., ги добила близанците. Сега двојката има осум деца.

– Ален и јас сме пресреќни поради тоа што ни се случи.

По десет години трудејќи се да добиеме потомство, сега имаме големо семејство и сѐ е како во сон, нагласува Кејла.