Златото е нова опсесија на националистичките лидери во источноевропските земји, при што земји како Унгарија, Србија и Полска ги зголемуваат своите резерви на злато, јави Блумберг.

Само Полска во оваа недела од Банката на Англија пренела 100 тони злато во намера да демонстрира сила на држава чиј БДП неодамна достигна максимум од речиси 586 милијарди долари.

Притоа, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан направи безбедно засолниште за зголемување на златните резерви.

Словачка им се придружува на многу земји што сакаат да го вратат златото, јави американскиот медиум.

Поранешниот словачки премиер Роберт Фицо, кој се обидува да ја врати власта, го повика Парламентот да ја принуди Централната банка на земјата да обезбеди домашни резерви на злато складирани во Велика Британија.

„Понекогаш може да ве изневерат и меѓународните партнери“, рече Фицо, потсетувајќи се на пактот од 1938 година на Франција, Велика Британија, Италија и Германија, што му овозможи на Адолф Хитлер да анектира дел од тогашната Чехословачка.

Неодамна, заради политичките разлики, Банката на Англија одби да ги врати златните резерви на Венецуела.

„Тешко дека можете да им верувате на вашите најблиски сојузници по договорот во Минхен“, рече Фицо.

Чекорите што се преземаат во поранешното комунистичко крило на Европа се резултат на напорите на Русија и Кина да ги диверзифицираат резервите од над три билиони долари во однос на доларот, во услови на геополитички тензии со САД.