На сите мечеви од 1. коло во Лигата на шампионите кои се играа синоќа во вториот термин, паднаа три или повеќе голови, а најинтересно беше во Мадрид, каде што Атлетико во 91. минута се спаси од пораз против Јувентус.

Јуве водеше со 2:0, но од Мадрид се враќа само со еден бод.

Динамо Загреб ја растури Аталанта, а македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го одигра целиот натпревар.

Убедлив беше и ПСЖ против Реал. За „кралевите“ заврши серијата од 12 сезони по ред во кои во ЛШ стартуваа со победа.

РЕЗУЛТАТИ:

Бриж – Галатасарај 0:0

Олимпијакос – Тотенхем 2:2

Атлетико Мадрид – Јувентус 2:2

Баер Леверкузен – Локомотив Москва 1:2

Баерн – Црвена ѕвезда 3:0

Динамо Загреб – Аталанта 4:0

ПСЖ – Реал Мадрид 3:0

Шахтар – Манчестер сити 0:3.