Кошаркарската репрезентација на Австралија вчера имаше двоен повод за славје.

„Кенгурите“ ја совладаа Литванија со 87-82, влегувајќи во следната фаза на турнирот без пораз, а исто така обезбедија и билет за Олимпијадата во Токио во 2020 година.

Тие се квалификуваа на Летните олимписки игри благодарение на победата на Грција над Нов Зеланд, која официјално ја прогласи Австралија за највисоко пласирана екипа во зоната на Океанија.

Австралијците се вториот тим кој се квалификуваше на Олимписките игри во Токио, откако Јапонија автоматски го добива тоа право како домаќин.

Достигнувањето ќе остават во втор план Австралијците, бидејќи нивната битка на СП продолжува утре со почеток во 10:00 часот против Доминиканската Република во натпревар од втората фаза на турнирот.