Од 1 јули натаму сите очекуваа Антоан Гризман во секој момент да пристигне во Барселона и да биде претставен официјално.

Причината е дека од тогаш клаузулата за раскинување на договорот му се намалува од 200 на 120 милиони евра, а фудбалерот има принципиелен договор со Каталонците.

Веќе 11 дена подоцна, Французинот се уште е во сопственост на Атлетико Мадрид, а сега стана јасно и зошто шампионите го „кочат“ со спроведувањето на договорот.

И причината лежи во даночните власти на Шпанија.

Бидејќи предметната клаузула се активира во принцип, само кога играчот сам ќе ја поднесе предметната сума во Шпанската фудбалска лига, раководството на Барселона гледа како да ги заврши работите, така што да не навлече проблеми на играчот со државната каса.

Во законот има посебна точка која ослободува од ДДВ слични трансакции по ослободување на фудбалери од нивните обврски кон одреден клуб.

Сега Каталонците испитуваат сè, за да не донесат дополнителни даноци на грб на Французинот, но се очекува до крајот на неделава сè да заврши.

Напаѓачот има одмор до утре, 12 јули, кога треба да се појави на кампот на Атлетико.

Се очекува, сепак токму во утре клаузулата да биде активирана, затоа што во текот на викендот тоа нема да се случи, бидејќи никој во Лигата не работи.

Кога тоа ќе се случи, тој ќе се приклучи за стартот на предсезонските подготовки на Каталонците, кои се закажани за 14 јули.