Бела пена прекри една од најпознатите плажи во Индија, четврти ден по ред создавајќи нова опасност од загадување, јавија западни медиуми.

Деца си играат и прават селфи со пената на плажата Марина и покрај тоа што таа има остра миризба и на рибарите им е кажано да не влегуваат во морето во близина на неа. Лекарите предупредуваат дека пената може да предизвика проблеми со кожата.

Според локални медиуми, таа се формира секоја сезона на монсуните, но оваа година е посебно опасна.

Советот за контрола на загадувањето во државата Тамил Наду соопшти дека се анализираат примероци од пената што е распространета неколку километри на плажата.

Дел од научниците тврдат дека најголем дел од пената е од средства за миење садови што се мешаат со други отпадоци. Само 40 отсто од канализацијата во Ченај и други големи градови има правилно пречистување.

– Останатото се влива во морето, вели научникот Правакар Мишра.

Пред два дена доброволци имаа акција за чистење на плажата во Ченај. За два часа собраа речиси еден тон пластика и други отпадоци.