Данскиот модел и глумица Бригит Нилсен го роди петото дете на 55 години.

Бригит со својот сопруг, кој е помлад 15 години од неа се во брак 12 години, а ова им е прво заедничко бебе, додека Бригит за магазинот “People” открила дека се обидувала да забремени повеќе од 10 години.

Годините поминати во обид за вештачко оплодување ги опишува како исклучително напорни, но сега е многу среќна.

“Конечно ја имам својата принцеза во прегратки”, рекла во ексклузивното интервју не криејќи дека на својот пат се соочила со многубројни разочарувања.

Девојчето Фрида е заслужна за мама да каже: „Ова е најдобар период во мојот живот“.

Покрај Фрида, Бригит ги има синовите Раул Мајер, Даглас Мајер, Килан Нилсен и Џулијан Виндинг.

Таа знаела дека сака да замрзне јајце клетки уште кога имала 40 години кога го сретнала сегашниот сопруг, а докторите ѝ давале само 3 до 4 % шанси дека може да забремени со своите јајце клетки.

“Жените мора да бидат упорни, истрајни и бестрашни. Со години станував сè повеќе храбра. Мојата ќерка е здрава и прекрасна. Имам сè што посакував, а сопругот и јас сме позаљубени од кога и да било”, рекла таа.

Парот се запозна во 2003 година, а три години подоцна се венчале во Малта.

Кога пред неколку месеци објави дека е бремена, Бригит се најде на мета на критики поради своите години.