Стефан Буџакоски, професор по казнено право при своето гостување на вчерашните вести на ТВ „Алфа“ посочи дека во законот за СЈО нигде не стои дека Катица Јанева може да ги предаде предметите на било кој друг надлежен орган во случајот Основното јавно обвинителство.

Согласно законот за СЈО и овластувањата, и надлежностите кои што произлегуваат од овој закон, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева нема правен основ да издаде наредба за префрлање на сите предмети кои што ги води СЈО, оние кои што се во судска постапка, во предистражна и истражна постапка, да ги пренесе во надлежност на основното јавно обвинителство, појасни Буџакоски.

Буџакоски додаде дека има случаи во законот, односно е решено да обратно од основното јавно обвинителство можат да се префрлат предмети во специјалното обвинителство, кога имаме случај дека тие произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите. И врз основа на што е донесен овој закон за СЈО. Таков случајот е „Монструм“, а обратно нема правен основ овие предмети да се префрлат во основното јавно обвинителство.

Во законот за СЈО нигде не стои дека таа може да ги предаде предметите на било кој друг надлежен орган во случајот Основното јавно обвинителство. И врз основа на тоа таа нема право да донесе ваква одлука, истакна Буџакоски.