Дел од најпопуларните ѕвезди во регионот имаат забрана за патување во САД. Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ веќе со години е на списокот на лица кои имаат забранет пристап, како и Аца Лукас. Цеца на тој список е од 2003 година кога беше уапсена за време на акцијата „Сабја“, како што тогаш напишаа српските медиуми била заведена по шифра 410 која означува тероризам и терористичка група.

Медиумите објавија кон крајот на минатата година дека забраната е укината, дури и беше најавена турнеја во САД. Како и да е, амбасадата на САД ниту ги потврди, ниту ги негираше овие информации, изјавувајќи дека тие не коментирале за индивидуалните проблеми со визите.

Кога станува збор за Лукас, Американците побарале да направи тест за дрога во декември 2012 година, а тој откри за што станува збор.

-Точно е дека во процесот на добивање виза, ме замолија да направам тест за наркотици. Тие побараа нешто само за да ме одбијат. Кога го направив тестот на урина, тој покажа дека нема психоактивни супстанции во моето тело. Сепак, бев одбиен, наводно заради семејно насилство. Повторно, решив да аплицирам за виза во март, па ќе видиме што ќе речат! Жал ми е што публиката која ме сака во Америка не може да ги следи моите настапи, истакнал Аца Лукас.