Додека се подготвуваат за доаѓањето на свет на новиот член, семејството Ражњатовиќ не мислат на парите. Имено, Светлана Цеца Ражњатовиќ порачала позлатена количка за бебето на својот син.

Вељко и Богдана ќе добијат син во април следната година, а веќе открија дека бебето ќе се вика Жељко по името на неговиот татко Аркан.

Идната баба се одлучила на синот и снат да им подари луксузна количка.

-Цеца заедно со дизајнерот ја цртала количката како та да изгледа, станува збор за познат бренд кој што го обожаваат и ѕвездите од светскиот џет-сет. Количките се уникатни и вредат неколку илјади евра. Цеца сакала конструцијата на количката и плочката на која ќе биде изгравирано името на бебето да бидат позлатени, а душегот и останатите додатоци да бидат од природни материјали, рачно шиени и во кралска сина боја, пишуваат српските медиуми.