Четворица полицајци се погодени при пукање во Сент Луис, во сојузната држава Мисури, соопштија градските власти.

„Ранетите полицајци беа пренесени во окружната болница. Се верува дека нивните повреди не се опасни по живот“, посочуваат властите на Сент Луис на Твитер.

Тие додаваат дека пукањето во градот продолжува. Најавија повеќе информации што е можно поскоро.