Илјадници демонстранти во Хонг Конг го блокираа влезот на Законодавниот совет.

Пред второто читање на контроверзниот закон за екстрадиција, што ќе им овозможи на луѓе да бидат екстрадирани од Хонгконг во Кина за судење.

До 8 часот по локално време, толпата ги блокираше главните патишта што водат кон законодавното тело да го изразат својот протест против законот.

Иако на крајот од минатата недела милион луѓе протестираа против тој документ, владата на Хонг Конг вети дека ќе го продолжи процесот на усвојување и ќе гласа за тоа до 20 јуни.

Блокирани се приодите и кон зградата на Владата.

Седницата на законодавниот орган е одложена, соопштија властите.