Сите овие пострадаа околу 180 година за чистотата на израелската вера во едниот Бог, на која беше удрил царот Антиох Епифан.

Тој беше наредил по закана со смрт на сите граѓани на Ерусалим да јадат свинско месо, како очигледен знак дека се откажале од верата на своите татковци.

Свети Елеазар се противстави на оваа насилника заповед на царот, па поради тоа беше погубен.

Исто така и седумте браќа, наречени Макавеи, заедно со мајка им, беа поведени во Антиохија.

А таму Антиох ги мачеше и убиваше еден по еден пред очите на мајка им Соломонија.

Кога последниот беше фрлен во оган и самата Соломонија го направи истото.