Атрактивната германска актерка Дијан Кригер секогаш плени со нејзиниот изглед.

Имено таа вешто ја следи високата мода но и новите трендови.

За гостување во емисија „Луѓето денес“ таа избра неверојатка модна комбинација.

Карирани панталони и елече, контрастно цветна кошула и „каубој“ чизми е супер инспирација како да се охрабриме при комбинирањата на модните парчиња.

Елечето и панталоните се од есенската колекција на Мајкл Корс, додека кошулата е од актуелната колекција на Стела Мекартни.

За изгледот да биде уште повпечатлив, тука се модните додатоци во вестерн стил – чантичката, ременот и каубојските чизмички.

Очигледно дека Кругер знае што е хит за есен/зима 2019, тоа е вестерн стилот и мешана комбинација.