ОВЕН

Без да се двоумите, ги користите фамилијарните врски за да ја унапредите работата. Односот со партнерот е специфичен. Додека вие максимално уживате во љубовта, и сигурни сте во своите емоции, тој не е сигурен дека сте вие вистинска личност за него. Солидно здравје.

БИК

Самоуверени сте и успешни кога се работните планови во прашање. Имате тајна поддршка за плановите. Немате комуникација со партнерот и околу тоа воопшто не се вознемирувате. Внимавајте на количината на храна која ја внесувате.

БЛИЗНАЦИ

Потиштени сте и успевате да ги решите насобраните проблеми на работа. Задоволни сте на ова поле. Вашите емоции се постојани и интензивни. Ја пружате неопхдната поддршка. Слаби сте во физичка смисла.

РАК

Нетрпеливи сте што побрзо да ги спроведете во дело работните планови. Во таа брзина правите грешки. Партнерот е непресушен извор на љубов и поддршка. Се потпирате на него. Внимавајте на повреди.

ЛАВ

Комуникацијата не ви оди од рака. Не само што не успевате да постигнете договор, туку доаѓа до прекин на соработката. Премногу ја форсирате врската, и тоа на партнерот му пречи. Можна главоболка.

ДЕВИЦА

Ви паѓа случајно генијална идеја на памет и го решавате работниот проблем кој долго ве мачеше. Емотивно не сте задоволни. Се каете поради грешките кои сте ги направиле во минатото. Солидно здравје.

ВАГА

Имате јасна визија што сакате да постигнете и на кој начин. На полето љубов ви следува иненадувачко познанство со личност која или не е од вашето место, или дури има врска со странство. Задоволни сте со здравјето.

ШКОРПИЈА

Ја користите предноста на тимската работа. Колегите ви помагаат да ги надминете одредените потешкотии. Вашите емоции се ваше богатство. Задоволни сте на емотивното поле. Грлото е чувствително.

СТРЕЛЕЦ

Правите работни планови за идната недела. Се гледате со партнерот, но тој е нервозен и има преголеми очекувања од вас. Ќе ви годи физичка активност.

ЈАРЕЦ

Главен проблем што не сте прилагодливи. Не успевате да остварите договор со колегите. Емотивно сте задоволни и гледате што повеќе време да минете со партнерот. Проблеми со нервите.

ВОДОЛИЈА

Остварувате заедничка соработка со колегите. Ви се допаѓа нивниот став. Ова поле е лошо прикажана. Многу сте несигурни и љубоморни и со тоа го одбивате партнерот. Што се однесува до здравјто, редовната терапија дава ефекти.

РИБИ

Комуникативни сте, и сакате да слушнете идеи и размислувања на колегите. Во опуштена атмосфера ги постигнувате сите цели. Во емотивната ситуација сте преплавени од емоции и во нив максимално уживате. Стабилно здравје.