Овен

На професионално поле ве очекува пофалба од вашите претпоставени, за вашата сработена работа досега. Токму тоа ќе ви го подобри вашето расположение, а со вашата ведрина ќе го подобрите и вашиот љубовен живот.

Бик

Дружења и контакти со луѓе. Ова е ден на лесни и пријатни односи со вашите пријатели. Денес нема многу да се грижите за постоечките хронични проблеми и ќе се оддадете на лични и приватни задоволства, сето тоа е во ред. Ама кога ќе се вратите – дома ве чекаат старите прашања.

Близнаци

Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Изненадете го партнерот со подготвување на вкусна вечера, тој ќе ви биде благодарен за тоа.

Рак

Потрудете се да бидете тактични. Не дозволувајте никој да влијае на вашиот живот. Партнерот сака да доминира, но не му го дозволувате тоа и стоите цврсто на земја. Постојано наидувате на неочекувани ситуации. Не трошете ја беспотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите.

Лав

Способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од кашата во која сте заплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате. Добро е што во овој ден нема да имате голем број на обврски, па ќе можете да си посветите и време на себе си.

Девица

Денес е прекрасен ден за вас. Меѓутоа, тоа не доволно, вам ви е досадно – сакате возбуда и некакви нови случувања. Не го запоставувајте партнерот и обрнете му поголемо внимание. Вашето хоби или пријателите можат да почекаат. Креативноста изразете ја на љубовен и партнерски план.

Вага

Ќе ви се случуваат некои убави и пријатни настани во вашиот дом и блиската околина. Среќни сте поради решението на еден проблем од вашите блиски. Тоа се рафлектира кај сите семејни членови. Се очекуваат спонтани друштвени настани. Денот ќе ви биде во целост исполнет.

Шкорпија

Денес ќе ви се појават неочекувани можности за патување, учење или некаква друга обука или надградба. Отворени сте за нови искуства и нови познанства. Некои би можеле да запознаат некоја личност од друга култура или друг животен стил која значително ќе им помоге да напредуваат.

Стрелец

Слободните се пред нова љубовна шанса. Би можеле да запознаете некоја личност која совршено ќе се вклопи во вашите замисли. Ова би можело да биде многу интересен ден. Не претерувајте со зборување и дозволете другата страна да има можност да ве запознае.

Јарец

Ви пречат секојдневните обврски и рутини, сакате некакви промени во секојдневието и не знаете како да ги внесете. Сакате некаква возбуда и динамика. Сакате животот да придобие повеќе бои. Уран е во погон – искористете го. Можни се нови познанства а и нови љубови. Направете ситни промени, животот ќе го направи останатото.

Водолија

Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чуствувате. Некои претставници ќе уживаат во риболовот, некои ќе медитираат, а пак некои ќе пишуваат песни. Во секој случај ќе уживате.

Риби

Денес или ќе давате многу пари или ќе земете пари. Парите се централна тема на денот. Денес би можеле да изгубите нешто или да заборавите некои важни документи или предмети. Многумина ќе бидат расеани па нема да можат со леснотија да ги извршуваат дадените обврски. Сконцентрирајте се на важните работи.