На почетокот на летото, Дуа Липа на својот Инстаграм профил сподели фотографија од зад сцената на снимањето на рекламната кампања за новиот парфем на Ив Сен Лоран.

Сега пак, на Инстаграм ја објави првата фотографија од рекламната кампања снимена во Париз.

Новиот парфем од луксузната француска модна марка се вика Libre.

Станува збор за моќен, цветен парфем кој содржи ноти од цвет од портокал и ванила.

Сеуште не е објавен точниот датум на продажба на YSL Libre, но се очекува дека ќе биде достапен до крајот на овој месец.

Цената на парфемот, во зависнот од големината, ќе биде од 70 до 120 евра.