Маските кои и даваат посебен сјај на лицето на Меган Маркл, може и вие да си ги дозволите.

Бидејќи сега поминувате повеќе време дома, може да пробате некои работи за кои вообичаено немате време, а една од нив е DIY маската која ја користи и Меган Маркл.

Козметичарката Никол Џос откри дека домашните маски кои сами ги произведуваме се одлични.

„Тие се едноставни, не се скапи и имате контрола кои состојки ќе ги одберете за својата кожа“.

„За хидритација и посветло лице измешајте кокосово масло со куркума, а за пилинг измешајте овесни снегулки со мед“.

Пред да направите маски кои ги користи Меган, козметичарката препорачува да направите мал тест: на раката нанесете малку од состојките да видите како ќе реагира кожата, а исто така на кожата не нанесувајте состојки кои делуваат грубо на кожата, може да го пореметат Ph на кожата и да предизвикаат иритација.