Со две убедливи победи со максимален учинок пингпонгарите на Младост 96 покажаа дека ќе бидат сериозни конкуренти на Младост и на Шампион ФА во борбата за титулата во Супер лигата.

Резултати на натпреварите одиграни викендот:

Деветто коло:

Младост 96 – Радовиш 4:0

Младост – Телеком НЕЦ 4:1

Вардар – Работнички 4:2 (одиграно на 1 март)

Десетто коло:

Телеком Нец – Младост 96 0:4

Работнички – Младост 1:4

Радовиш – Шампион ФА 1:4.

Табела: Младост 18 бода (9 натпревари), Шампион ФА 15 (8), Младост 96 14 (8), Работнички 12 (9), Радовиш 11 (9), Телеком НЕЦ 11 (9), Вардар 9 (8).