ЕХФ донесе одлука да ги обештети клубовите кои не добија шанса да се борат за пласман на Ф4 турнирот во Келн по одлуката ПСЖ, Барселона, Кил и Веспрем директно да одат на завршниот турнир.

Вардар и останатите клубови ќе добијат чек од 25.000 евра да ги „залечат раните“ за неправдата која им е нанесена на „зелена маса“.

ЕХФ беше под силен притисок од ракометната јавност во Европа, сега со оваа одлука веројатно ќе предизвика дополнителни негативни реакции од страна на навивачите кои со сигурност нема да бидат задоволни од новата одлука за купување на мирот.