Рожерио Мораеш Фереира ја заврши тригодишната приказна со скопски Вардар. Бразилецот преминува во редовите на унгарски Веспрем.

Мораеш не присуствуваше на прославата со која беа пречекани Вардарци во Скопје, но ја следеше еуфоријата и се поздрави со Вардар преку емотивна објава на социјалните мрежи со порака: „Ви благодарам за сѐ, никогаш нема да ве заборавам. Се гледаме наскоро.“