Европската народна партија денеска на својот Твитер профил сподели статус поврзан со изборите кој ја очекуваат Македонија на 12 април.

-Ние внимателно ги набљудуваме важните и напорни реформи во Македонија.

Сè што треба да се направи се одржување на фер и слободни избори на 12 април како што е договорено, се со цел за да се однесе државата напред, стои во нивниот твит на Твитер.

Инаку во Европската народна партија членува и Германската Демократска Унија (ЦДУ) на чие чело беше и Ангела Меркел, а истата партија е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ.