Популарната „плус сајз“ моделка Ешли Грем го сакаше своето тело и пред бременоста, а откако е бремена – не престанува да постира фотографии на Инстаграм промовирајќи колку е убаво телото кога жената во себе носи нов живот.

Нејзините 9,1 милиони фанови на Инстаграм секогаш ги поддржуваат „боди позитив“ пораките на Ешли.

Сега, повторно ги израдува своите обожаватели позирајќи за брендот за долна облека „Инамората“ на топ моделот и глумица Емили Ратајковски, облечена во тесна јога – опрема за вежбање.