Хари Брант, синот на супермоделот Стефани Сејмур и бизнисменот Питер Брант, почина на 24-годишна возраст.

Тој почина од случајно предозирање, се вели во семејната изјава цитирана од Њујорк Тајмс.

“Засекогаш ќе бидеме тажни што неговиот живот беше уништен од таа разорна болест. Постигна многу за своите 24 години, но никогаш нема да имаме шанса да видиме колку повеќе можеше да стори”, се вели во соопштението.

Хари се борел неколку години со зависноста.

“Хари не беше само наш син. Тој беше прекрасен брат, љубен внук, грижлив пријател …. Тој беше креативна, моќна љубовна душа која внесе светлина во срцата на многу луѓе. Тој беше навистина убава личност внатре и надвор”, се вели во изјавата.

Stephanie Seymour, Harry Brant at arrivals for New York Academy of Art”s Tribeca Ball, 111 Franklin Street, New York, NY April 13, 2015. Photo By: Gregorio T. Binuya/Everett Collection | BREverettCollection20160627_668

Хари бил манекен, снимал за Вог и правел ревии за Balmain. Со неговиот брат објавил унисекс линија за шминкање, а како тинејџер пишувал за списанието Interview во сопственост на неговиот татко Питер.