Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец Фернандо Торес се повлече од спортот пред 18 месеци, како играч на јапонскиот Саган Тосу.

Ако се прашувавте што прави во животот моментално Шпанецот, одговорот е дека очигледно поминува многу време во теретана. Фановите останаа шокирани од неговиот физички изглед, откако се појави на промотивни фотографии за он-лајн казино.

Торес во својата фудбалска кариера играше за Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челси и Милан.