Криминалец од Турција Седат Пекер, за кој дел од тамошните медиуми го опишуваат како водач на Турската мафија е уапсен во Скопје, објавува телевизија Телма.

Ова за Телма го потврдуваат извори од МВР кои велат дека тука престојувал веќе три месеци и бил следен од службите.

Според информациите на Телма престојувал во мал хотел во Петровец, но истите извори велат дека имал средби и со криминалци но и со политичари. Официјално од полицијата не сакаат да откриваат ништо а ако се погледне сајтот на МВР, вчера има само едно штуро соопштение за овој настан.

Приведен е државјанин на Турција. На 18.01.2021 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност го приведоа Р.С.П. (49), кој престојувал спротивно на целта за краткорочен престој. По констатираната злоупотреба на престојот, лицето е протерано од територијата на Република Северна Македонија, се вели на сајтот на МВР.

Според неофицијални информации Седат Пекер имал Косовски пасош па поради ова е протеран таму. Но доволно е само да се отвори профилот на Пекер на фејзбук за да се забележи дека тој не криел дека е во Македонија, туку напротив имал и неколку средби со познати бизнисмени но и со градоначалници. Лани на 3 ти Октомври објавил дека бил гостин на ФОН универзитетот и сопственикот Сефер Цановски, додека пак на 17 ноември општина Маврово Ростуше на официјалната фејзбук страница го преставила како биснисмен од Турција кој бил на работна средба со градоначалникот Медат Куртовски.

Го запознал со можностите за инвестирање во туризмот и лесната индустрија. Пекер пак за ученици од општината донирал неколку лаптопи најпотребни за следење на онлајн наставата во ковид услови пишуваат од Маврово Ростуше.

Уште вчера турскиот новинар Ахмед динмез објави за апсењето и меѓу другото напиша дека Пекер имал непријатели во Турција вклучително и Берат Албајрак зет на претседателот Реџет Таип Ердоган.

Претходно Пекер бил осуден на 10 години затвор но ослободен кога паднале случајот Ергенекон по што избегал. Негирал дека на Балканот се преселил поради страв од прогон туку поради продолжување на деловни активности.