За семејството Црнокрак вчерашниот ден беше особено тежок, изгубија многу близок и сакан член на семејството.

Мики на своите профили на социјалните мрежи објави дека починала неговата мајка, која како што напиша во објавата, иако целиот живот била борбена мајка, сопруга и баба која никогаш не се предава, сепак ја изгубила оваа битка.

Мојот најголем борец! Мојот херој! Извојува многу животни победи, никогаш не се предаваше,живееше за нас, да има секогаш се за нас, за неа не мора… Сепак последната битка не ја издржа… Почивај во мир мајко мила.

MOJOT NAJGOLEM BOREC !! MOJOT HEROJ !! Izvojuva mnogu zivotni pobedi, nikogas ne se predavase, ziveese za nas, da ima…

Gepostet von Miki Crnokrak am Mittwoch, 20. Mai 2020

Скршен од тага, Мики објави и фотографии од мајка си Василка, а стотици пријатели му изразија сочувство за загубата.

Од својата свекрва се прости и Светлана Црнокрак. „Моја втора мајко.Почивај во мир, напиша таа на својот Фејсбук профил.

Moja vtora majko 😞 Pocivaj vo mir …

Gepostet von Svetlana Crnokrak am Mittwoch, 20. Mai 2020

Инаку, родителите на Мики во 2017 година обележаа 50 години брак