Гордана Шаулиќ (61) планира да се исели од вилата на Дедиње од 1 милион евра, колку што и вложил покојниот крал на народната музика Шабан Шаулиќ.

Како што се зборува, Гордана има намера вилата од 600 квадрати да ја изнајми на една амбасада, и тоа за сума од 8.000 евра месечно, а доколку се исели од истата таа ќе живее во стан.

Вилата на Дедиње речиси е нова, има 4 спални соби, три купатила, две кујни, голема дневна соба, подрум како и големо двориште.
Пред да ја изградат вилата, семејството Шаулиќ живееше во куќа која што ја купиле од внуката на Тито, Златица.

-Тоа порано беше мој бизнис. Имав среќа да најдам куки по поволни цени, кои што ги купував па ги средував. Живеевме во нив, а потоа ќе се појави некој заинтересиран за купување и тоа за доста повисока сума, ијзави своевремено Гордана Шаулиќ.

Инаку како за потсетување, после смрта на Шабан се шпекулираше на кого ќе му припадни имотот.

Меѓутоа, целиот имот се води на име на Гордана Шаулиќ.

На име на покојниот музичар се водеше само стариот автомобилот „фиат стило“, проценет околу 2.500 евра.