Шведската активистка Грета Тунберг денеска со еколошко пловило катамаран пристигна во Лисабон по три недели пловење по Атланскиот океан.

Таа ќе го продолжи патот кон Мадрид каде што се одржува Конференција за климатски промени на ОН.

Тунберг, која пристигна од САД, ќе направи еднодневна пауза во Лисабон, каде ќе се сретне со други активисти.

Таа заедно со едно австралиско семејство плови со јахта која е еколошки прифатлива.

Јахтата „Вагабонде“ е долга 15 метри, користи соларни панели и хидрогенератори за струја.

Шведската активистка одбива да патува со авион, бидејќи се смета дека тоа превозно средство многу ја загадува околината.