Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ смета дека Италијанската фудбалска федерација треба да се бори построго против расизмот.

Триесет и осумгодишниот Швеѓанец најави дека наскоро кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

– Носењето маица „Не за расизам“ е добро, но тоа не го реши проблемот.

Подобро е да се казнува со одземање на, да се прекинат натпреварите и да има парични казни, па дури и ризик клубовите да бидат исфрлени во Серија Б.

Треба да се биде строг кон овој проблем, истакна Ибрахимовиќ.

Во италијанската Серија А последните неколку сезони, вклучувајќи ја и тековната, регистрирани се низа инциденти со навреди на расна основа.