„Ако Ливерпул се пласира во финалето ќе го донирам левиот тестис, а десниот ќе им го подарам на навивачите на Реал Мадрид кои ги поддржуваат“, рекол Артуро Видал на прашањето дали Ливерпул во реваншот може да направи пресврт.

Видал е еден од ретките играчи на Барса кој заслужи преодна оценка по синоќешниот дебакл кога загубија од Ливерпул со 4:0. Чилеанцеот беше заменет во 75 минута од натпреварот, а по мечот некој новинар се потсетил на неговото ветување дадено по победата во првиот меч одигран на „Ноу Камп“.

Инаку, Ливерпул во финалето во Мадрит ќе се сретне со подобриот од вечерашниот натпревар помеѓу Ајакс и Тотенхем.