Во основниот суд 1 во Белград требаше да се одржи помирување помеѓу вечните ривалки на српската естрадна сцена Јелена Карлеуша и Светлана Ражњатовиќ.

Јелена Карлеуша на рочиштето во судот пристигнала со својот адвокат, додека Цеца Ражнатовиќ не се појавила по претходна тужба против Карлеуша.

На рочиштето било планирано да има обид за помирување на двете страни.

Јелена не сакала да дава изјави на медиумите, а на судење дошла во фустан на туфни и голем црн шешир на главата со длабоко деколте.

Додека Цеца го пропушти модното дефиле. Сепак останува да видиме дали ривалките ќе се реваншираат на следното рочиште кое е закажано за почетокот на следниот месец.