Живеев за денот кога ќе можам да ја дадам својата одбрана во еден монтиран случај против мене.

Не му е прв пат на обвинителот во овој случај да дава етикети.

Срамно е таква реторика да биде користен во еден ваков случај.

Пет месеци има јавен линч, изјави Бојан Јовановски на денешното судење за случајот „Рекет“, во кој тој е првообвинет, пишува Слободен Печат.

– Јас бев формално правно прокурист во 1ТВ. Моето име беше сатанизирано. Притворот кој го издржувам ми ја влоши здравствената состојба од операциите во болницата каде што е сопственик сведокот во овој случај Јордан Камчев – рече Јовановски, кој нагласи дека и денеска во воведните зборови на обвинителот имало „тресење од гаќи“.

Јовановски рече дека бедна конструкција на овој предмет било тоа што синот на Јанева работел во 1ТВ.

– Колку сум седел во ресторан со второобвинетата, толку сум седел и со обвинителката – рече Јовановски.

Тој ја повика амбасадата на САД и други стручни правни организации да го пратат овој случај.