Поранешната холивудска миленичка, Камерон Дијаз, со сопругот Бенџамин Маден одмора на француската ривиера.

Францускиот брег со години привлекува богати туристи и светски лица со својата понуда и природна убавина, а исклучок ова лето не е ниту славниот пар Камерон Дијаз и Бенџамин Маден.

Поранешната актерка, која се повлече од филмскиот свет пред пет години, кога го запозна сегашниот сопруг, Бенџамин Маден, на годишен одмор е на Св.Тропез.

Сопружниците се снимаат во секојдневни изданија и со добро расположение доаѓаат на една од рајските плажи и уживаат во убавината на Медитеранот.

Познатата актерка, блескаше во шарен летен макси фустан, сандали од Валентино и сламена капа, додека нејзиниот сакан и останал верен на неговиот карактеристичен секојдневен стил.

Дека Камерон е неизмерно среќна што ја најде љубовта во нејзиниот живот, не крие, и ова го кажа неколку пати во интервјуа кога љубопитните репортери ја прашале дали жали што се повлекла од Холивуд.