Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки кои докажано го забавуваат ширењето на КОВИД-19 и ни помагаат да го заштитиме јавното здравје. Но, не треба да заборавиме за време на овие кризни ситуации да го негуваме и менталното здравје. Подолу може да видиме неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови, објави на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.