По бројните критики кои ги доби со лансирањето на линијата насловена Кимоно, Ким Кардашијан конечно лансира своја линија на долна облека.

Многу луѓе сметаа дека таа не ја почитува јапонската култура, давајќи „Кимоно“ име на својата модна линија, а работите отидоа толку далеку што градоначалникот на Кјото и испрати писмо во кое вели дека „кимоно“ не треба да биде монополизовано. Сфаќајќи ги коментарите сериозно, Ким одлучи да го смени името на брендот, па сега го промовира новиот бренд -Skims Solutionwear.

-Моите фанови и следбеници ми се огромна инспирација, секогаш ги слушам нивните коментари и мислења. Многу сум благодарна што многу од нив дадоа предлози за новото име на брендот. По многу размислувања, со возбуда го најавувам лансирањето на SKIMS Solutionwear, напиша Ким на својот профил на Твитер.

Инаку, новото име на брендот било инспирирано од нејзината обожавателка Мелиса Родригез, која го дала овој предлог. Коментирајќи ги новите вести, Родригез изјавила „ Навистина верувам дека мојот твит и привлекол внимание, зашто не сум видела дека било-кој друг дојде на оваа идеја пред мене, ниту пак, некој доби повеќе лајкови и споделувања од мене“. Сепак, како што таа вели, ни Ким ни нејзиниот тим сеуште не ја контактирале, па не може да биде сигурна дека нејзиниот придонес бил земен во предвид.