Кинезинка во САД ја призна вината по обвиненијата дека водела синџир „породилен туризам“ за кинески државјани, кои плаќале за децата да им се родат во САД и со тоа да станат американски државјани.

Донгјуан Ли призна дека нејзината компанија помагала на богати кинески државјанки да дојдат во САД и таму да се породат.

На своите клиенти таа им нудела обука за тоа како да ја заобиколат имиграциската контрола во САД и да ја сокријат својата бременост, јави Би Би Си. На тој начин таа се стекнала со незаконска парична корист во износ од три милиони долари.

На Ли казната ќе и биде изречена во декември, а се соочува со затворска казна до 15 години.