Екипата на Ливерпул успеа да ја совлада мокната Барселона со 4:0 на домашен терен и обезбеди финале во Лигата на Шампиони.

На првиот меч Барселона со 3:0 го совлада Ливерпул во Каталонија и речиси со една нога беа во во финалето на ЛШ (сите ги сметаа за шампиони), но момците на Клоп истрчаа храбро долу на теренот и им дадоа црвен картон на Каталонците со што ги испратија Меси и екипата со наведнати глави.

Инаку вечерва резултатот за 1:0 во корист на Ливерпул го отвори Ориги во 7мата минута од првото полувреме, по што со и истиот заврши и првото полувреме.

Во второто полувреме со два гола на 3:0 го израмни резултатот од претходниот натпревар црномурестиот Георгињо, а печат на натпреварот по втор пат стави Ориги во 79′ минута за 4:0 и обезбеди финале за Ливерпул во Лигата на Шампиони.