Во „Утрински Брифинг“ свое гостување имаше советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ која што посочи дека се врши изборен поткуп во ек на пандемија, Петре Шилегов објавува повици за вработување во јавните претпријатија.

-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата навистина ја критикуваме работата на градоначалникот Петре Шилегов и неговите директори. Заради тоа што сметаме дека не е периодот во време на корона, во време на кризата која што ја зафати Република Македонија да објавува јавни повици во овој момент за привремени вработувања односно за агенциски времени вработувања, истакна Колариќ.

Колариќ додаде дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека се трошат парите на граѓаните, и тоа станува збор за околу 300.000 евра за јавниот повик на ЈП „Дрисла“ кој што беше прв повик, а втор повик беше на ЈП Комуналното хигиена околу 140.000 евра, и не се знае сумата на која што ќе ја издвои ЈП ЈСП.

„Сметаме дека станува збор за предизборен поткуп односно привремени вработувања иако календарски погледнеме дека привремено ќе се вработат луѓе во периодот некаде од јули или август 2020 година и ќе трае тоа вработување некаде до јули, август 2021, дефинитивно тоа покажува уште една небулозна мудрост на Петре Шилегов и неговите директори во насока на предизборен поткуп за 2020 година во пресрет на парламентарните избори , но истовремено и повторно поткуп и држење на тие граѓани кои што евентуално би се вработиле за 9.000 денари пред локалните избори следната 2021 од кои што ќе зависи и мандатот на Петре Шилегов и неговите градоначалници“.