Кралицата Летиција и кралот Фелипе беа специјални гости на доделувањето на наградата „Francisco Cerecedo“ во Мадрид.

На церемонијата, на која Филипе му го врачи реномираното признание на професорот Хавиер Серкас, шпанската кралица изгледаше префинето во црно-златна комбинација.

Елегантниот фустан е од актуелната колекција на Dries Van Noten.

Стајлингот на Летиција беше надополнет со модни додатоци од Magrit, а косата ѝ беше собрана да имитира фризура „боб“.