Кристијано Роналдо лансираше нов парфем.

На промотивниот настан за „CR7 Play It Cool“ во Торино, 34-годишниот фудбалер ја доби поддршката од саканата Џорџина Родригез.

25-годишниот модел носеше долг припиен фустан од Bottega Veneta.

Пред неколку дена, Џорџина објави слатко видео од четирите деца кои го бодреа Роналдо на неговиот натпревар со Литванија, кога тој даде четири гола.