Плус сајз манекенката Ешли Грем е позната по тоа дека секојдневно ги „чести“ со фотографии своите следбеници на Инстаграм, во минијатурни бикини кои откриваат доста од нејзините адути.

При снимање на моден едиторијал за марка на костими за капење за покрупни жени, нејзините фанови забележаа дека Ешли се потрудила да го повлече костимот над колковите.

Едни го критикуваат, а други го поддржуваат нејзиниот изглед и ставот кој го застапува.

„Таа не би требала да го промовира вишкот килограми затоа што многу луѓе се борат со него“, пишува еден од нејзините следбеници, но Ешли и покрај тоа се гордее со своето тело, но секој ден вежба во теретана.