Лидерот за Движењето „Самоопределување“, кој најверојатно ќе биде иден премиер на Косово, Албин Курти, синоќа изјави дека националното обединување на Албанците не може да се случи во Европската унија, но дека може да постои идеја за федерација.

– Не можам да кажам дека националното обединување се случува во ЕУ. Тоа е местото каде што им се придружуваме на Данците, Австријците и Шпанците. Овде мора да се случи нашиот сојуз. Би ја користел изјавата на Арбен Џафери „Историска посветеност на Албанците за обединување“, изјавил Курти, пренесува Коха.нет.

– Ние не го избираме обединувањето, тоа нè избира нас, Никаде нема именка „Башким“ (единство, обединување) ,ниту постои друг народ што се нарекува „Унија“, рече Курти.

– Би додал дека Косово и Албанија треба да се приближат една кон друга, да се интегрираат во единството на идејата за федерација, како Германија, со децентрализацијата на институциите. Би имале Институтот за историја во Призрен, Универзитетот за уметности во Пеќ, Рударски факултет во Митровица, за туризам во Валона или Драч, Уставниот суд во Скадар, рече тој.

Курти посочува дека ако биде премиер, ќе ги почитува симболите на Косово, додека на средби со Албанија „нема да гледа на чија страна чие знаме е, националното или државното“.

– Како премиер ќе ги почитувам симболите на земјата, што сум ги критикувал. Во односите со Албанија, ќе имаме договори, не само за фотографирање, туку за спроведување, како што е заедничкиот пазар, заедничкиот регистар на цивилни деловни активности, заеднички владини комитети за надворешни работи и многу повеќе, рече Курти.

Тој најавува дека в четврток ќе се сретне со челниците на Демократскиот сојуз, Иса Мустафа и Вјоса Османи,партија која е на второ место според освоените гласови на неделните превремени парламентарни избори.Смета дека Владата треба да има само 12 министри а во однос на царнската такса со Србија изјави дека откако ќе се воведе реципроцитет ќе биде укината 100 процентната такса воведена од претходната влада.