Провладините медиуми од рано изутринава по неуспешната лидерска средба на која не беше постигнат договор, се обидуваат на секој можен начин да ја извртат приказната од преговорите а со цел да го одбранат премиерот Зоран Заев и неговиот тим дека наводно до догвор не дошло поради Мицкоски и опозицијата.

Имено, провладините портали од изутрина лиферуваат вести дека наводно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ барал некаква амнестија, а Заев наводно одбил. Ваквите ливерувани вести најверојатно од еден центар се со цел за одбрана на премиерот и неговиот тим за неуспешната лидерска средба.

Но, вистината не е онаква како што ја прикажуваат медиумите блиски до власта. Во случајот СДСМ е таа која што се обидува грчевито и по секоја цена да обезбеди амнестија за лица и високи функционери кои што се вплеткани во криминални афери, а особено во случајот „Рекет“.

Имено, од извори кои што присуствуваа на синоќешната средба дознаваме дека тимот на СДСМ предложил да се формираат две обвинителства – обвинителство за висока корупција и да ги гони именуваните функционери, а шефот на ова обвинителство да го предлага опозицијата и Обвинителството за гонење на организиран криминал останува. Ова за ВМРО-ДПМНЕ било неприфатливо.

Во новото обвинителство, било предложено, да влезат сите обвинители од СЈО. Предлогот на Заев значи и тоа дека ова ново обвинителство би требало да почне да функционира по парламентарните избори, а тоа значи дека случајот „Рекет“ останува во надлежност на Вилма Русковска од Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Од ова може да се заклучи само дека високи функционери на власта се вплеткани во големи криминали и токму затоа тимот на СДСМ силно се залага на чело на Организиран криминал да остане обвинителката Рускоска, а дополнителен страв кај СДСМ влева фактот дека следните парламентарни избори можно е да ги изгубат и да заминат во опозиција и токму затоа предлагат новото обвинителство да функционира после парламентарните избори а обвинителот да биде на предлог на опозицијата.

Според овие информации едно е јасно, власта сака да го контролира актуеелното обвинителството, а доколу пак после парламентарните избори кога и да се случат заминат во опозиција да си имаат уште еден џокер, то ест нивно ново обвинителство во вид на СЈО со сите вработени кои се во актуелното обвинителство на Катица Јанева, со кое пак ќе можат повторно политички да ги прогонуваат функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, со детали од вчерашната лидерска средба денеска се очекува да излезат двете засегнати страни и тогаш ќе биде појасно кој и за што преговарал.